TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Автобуски програми

1-ви Мај | АТИНА

  термин: 30.04-2ноќи | 149 / 9.240мкд

 

А Т И Н А


Атина - град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е и негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години.  Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудиме можноста да ја почувствувате магијата на грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.

 


Термин: 30 Април 2025 | 5 дена / 2 ноќи Автобус  



1ден/ 30.04 (среда)  МАКЕДОНИЈА - АТИНА
Состанок на групата на Хотел Русија во 19:30 часот. Поаѓање за Атина во 20:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Организиран превоз од: Штип (лукоил бензинска), Велес (Макоил бензинска), Неготно (макпетрол бензинска) и Гевгелија (граничен премин).


2ден/ 01.05 (четврток)  АТИНА 
Пристигнување во Атина. Панорамско разгледување на градот Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет...) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон... што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кои потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. По завршување на разгледот сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта можност за заедничка прошетка. Ноќевање.


3ден/ 02.05 (петок)  АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ  
Појадок. Екскурзијата започнува во 08:00ч по локално време. Првото место што ќе го посетиме е Коринтскиот залив, кој ги соединува Саронскиот залив на Егејско море и Лахејскиот залив на Јонско море од каде се оди на полуостровот Пелепонез. Oвој канал се градел од 1881 години и бил завршен 1893 година. Долг 6.4 километри и широк само 25 што во тоа време било чудо и поради тоа современите бродови имаат проблем да поминат покрај каналот. Ќе имате можност да направите фантастични фотографии од мостот. Екскурзијата продолжува со посета на најголемиот и најдобро сочуваниот примерок на класичен грчки театар во Грција кој датира од 4 век п.н.е, Епидариус. Замислите ќе посетите театар кој е 2400 години стар! Ова е уметничко дело, секој звук на сцената без разлика дали е крик или шепот, длабока воздишка или звук на палење на кибрти, може да се слушне низ театарот дури и во последните редови. Не верувате? Ви препорачуваме да го посетите и да се уверите.  Се смета дека распоредот на седиштата е всшност акустичен филтер кој овозможува да се намали бучавата во позадина, како што е мрморењето на публиката, притоа нагласувајќи ги звуците со поголема фреквенција што доаѓаат од сцената. Најголемиот грчки театар е висок 114 метри и може да прими од околу 13.000 луѓе. Во 1998 година е под заштита на УНЕСКО. По посетата на Епидариус се посетува градот Нафплио. Според легендата го основал Нафлиј, синот на богот Посејдон и Амимон. Првиот главен град на Грција се наоѓа на два часа возење од Атина и зрачи со венецијански шарм, благодарение на италијанскиот стил на градба. Кога ќе шетате низ градот ќе се почувствувате дека сте во градот Керкира или пак на момент во Венеција/Болоња, ќе помислите дека сте го посетиле овој град некогаш, а всушност за прв пат ќе бидете. Долгите пешачки улици на стариот град нудат бескарјни можности за купување од автентични грчки сувенири. Мал град со многу енергија е вистинскиот избор за уживање во храната. Овде ќе имате слободно време за фрапе на преубавото пристаниште или ручек во тесните улички. Последното место за овој ден е предвиден за градот Микена кој е најважните археолошки локалитети во Грција. Според митологијата, ова бил градот на легендарниот Агамемнон, водачот на Грците за време на Тројанската војна. Најпознатите места на Микена се Лавската порта, влезот на градот и Ризницата на Атреј. Од највисоката точка на Микена има преубав поглед кон море и секако градот Нафплио. Враќање во хотел. Можност за факултативна вечера. Ноќевање.


4ден/ 03.05 (сабота)  АТИНА - ПИРЕЈА - СУНИОН - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување на екскурзија. Првото место што ќе го посетите е пристаништето Пиреја. Некогаш ненаселен остров во близина на Атина, во текот на 5 век п.н.е.. но со полнење на земјата и градење на ѕидови, Пиреја стана дел од градот и атинското пристаниште, едно од најголемите пристаништа во овој дел на Медитеранот. Панормаски разглед на Пиреја што ќе ве воодушеви. Ќе имате можност да ги видите стадионот на фудбалскиот клуб Олимпијакос. Последното место за посета е Сунион, храмот на Посејдон. На ова место се случила една од најголемите трагедии во грчката митологија, Сунион е веднаш до Делфи, еде од најубавите пејсажи во Грција и пошироко. Храмот на Посејдон стои сам на карпа покрај морето, од кое што атинскиот крал Егеј се фрли во очај кога ги видел црните една на бродот на својот син. Неговиот син Тезеј, херојот кој го победил Минотаурот и кој во знак на победа требало да подигне бели едра по враќање во својата татковина во брзање заборавил да го стори тоа што довело до неопислива трагедија. Погледот од Сунион кон отворено море е фантастичен, ќе имате можност да уживате и да пиете кафе со поглед на море. Патниците кои не одат на екскурзија имаат слободно време на Глифада, групата од Сунион се враќа да ги земе овие патници и се поаѓа кон Македонија во попладневните часови..


5ден/ 04.05 (недела)  АТИНА - МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 179€ / 11.100мкд

Промо цена: 149€ / 9.240мкд 


Во цената на аранжманот е вклучено:

- Автобуски превоз на наведената релација;
- 2 ноќевања со појадок во хотелско сместување со 3* во центарот на Атина;
- Панорамски разглед со водич;
- Организација на аранжманот и пратител на групата.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- Посета на Пелепонез (Нафплио, Епидариус и Микена)- 45 *Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 20€ и Микена 20€);
- Посета на Пиреја и Сунион - 30;
Влезница за Акропол со локален водич - 40;
Туристичка такса - 5€ од лице;
- Индивидуални трошоци;
Доплата за сингл соба 60€ за две вечери;
Патничко осигурување;
Пакет - (Пелепонез, Пиреја, Сунион и Акропол)- 105€.


Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
- Патување со важечки пасош од 3 месеци;
- Уплата исклучиво во денари;
- Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
- Цената на аранжманот е пресметана на минимум 40 лица;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување; Или доколку се согласи групата се зголемува цената во зависност на број на патници колку се пријавени.
- 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање;
- Аконтацијата се уплака: 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено;
- Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е  износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени;
- Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот;
- Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

АТИНА 

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.