TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Aвтобуски програми

8-ми Декември | Сараево

  термин: 05.12-2ноќи | 109€ / 6.760мкд

С А Р А Е В О 

 

Термин: 5 Декември 2025 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 05.12 (петок) МАКЕДОНИЈА 
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.


2ден/ 06.12 (сабота) САРАЕВО
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите…Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор. Слободно индивидуално време. Ноќевање.


3ден/ 07.12 (недела) ЈАБЛАНИЦА - МОСТАР - САРАЕВО
По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Слободно време. Ноќевање.


4ден/ 08.12 (понеделник) САРАЕВО - ЗЛАТИБОР - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Се упатуваме кон Златибор максимално да уживате во убавините на Златибор. Прошетка низ центарот на градот, посетете некоја локална кафеана каде што може да пробате локални специјалитети и секако да уживате во културата на ова прекрасно место. Слободно време во Златибор 3 часа. После разгледот и прошетката во Златибор тргнуваме за Македонија. Со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.


 Цена на аранжманот: 120€ / 7.440мкд

Промо цена: 109€ / 6.760мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:
Aвтобуски превоз на дадената релација;
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*;
- Разглед на Сараево со локален водич;
- Туристички придружник за време на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:
Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар – 30€;
Влезници за културно-историските споменици;

Прошетка во Златибор – 20€ (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА);
- За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус;
- Туристичка такса 250 денари по лице;
- Патничко осигурување.


НАПОМЕНА:
Нема намалување на цената за сопствен превоз.
ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица.
Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
За овој програм важат Опшите Услови на патување.
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

 


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.