TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Aвтобуски програми

8-ми Декември / Атина

  термин: 05.12-2ноќи | 159 / 9.860мкд

 

А Т И Н А


Атина - град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е  и негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години.  Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудиме можноста да ја почувствувате магијата на  грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.

 


Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 5 Декември 2025



1ден/ 05.12 (петок)  ШТИП / ВЕЛЕС / СКОПЈЕ - АТИНА
Поаѓање од Штип, Велес и Скопје во вечерните часови. Патниците за време на поаѓање се известуваат два дена пред термин. Состанок на групата. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности. 


2ден/ 06.12 (сабота)  АТИНА
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и заедничка посета на познатиот и прекрасно украсениот кафич-Little Kook (тематски кафич кој во секое време од годината е украсен, особено сега по повод Божиќ и Нова Година украсен е на таков начин што погледот ќе ви го одземе здивот). Ноќевање.


3ден/ 07.12 (недела) АТИНА - КОРИНТ - ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез. Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…Вечерта слободно време за индивидуални активности и вечерна прошетка на познатиот плоштад Монастираки (најпознат плоштад на чија улица се наоѓаат и познатите брендови за облека). Ноќевање.


4ден/ 08.12 (понеделник)  АТИНА - СУНИОН - МАКЕДОНИЈА
ПојадокПосле појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет кон Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија.


5ден/ 09.12 (вторник)  МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утринските часови.


Цена на аранжманот: 189€ / 11.720мкд

Промо цена: 159€ / 9.860мкд (за резервации до 15.11.25)


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*;
  • Организиран разглед на градот со локален водич;
  • - Организација и водство на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Посета на Пелепонез (Нафплио, Епидариус и Микена)- 45€ *Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 20€ и Микена 20€);
  • - Посета на Пиреја и Сунион- 30€;
  • - Влезница за Акропол со локален водич- 40 (разглед со локален водич);
  • - Туристичка такса- 5€од лице;
  • Пакет - (Пелепонез,Пиреја, Сунион и Акропол)- 105€;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително).
  • Индивидуални трошоци.

Напомена:
- За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници;
- Доплата за синг соба 60 за две вечери;
За деца до 2.99 години- 50 за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло;
- За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман;
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете;
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплата;
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа за два правци;
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
- За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

{uniform form=8/}

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.