TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Aвтобуски програми

8-ми Декември | КАПАДОКИЈА

термин: 04.12-3ноќи | 189 / 11.720мкд


К А П А Д О К И Ј А

 

(Анкара - Kaпадокија - Истанбул)

 

  


Термин: 04 Декември 2025 | 6 дена / 3 ноќи | Автобус 

 

 

1ден/ 04.12 (четврток) ШТИП - АНКАРА 
Состанок на групата, поаѓање во предпладневните часови. Попатно се земаат  патници од Штип, Свети Николе, Велес и Скопје. Патниците за време на поаѓање се известуваат два дена пред термин. Се патува преку Република Бугарија со попатни паузи и царински формалности. За време на возењето, нашиот водич ќе ве запознае со самата програма. Ноќно возење.   


2ден/ 05.12 (петок) АНКАРА - СОЛЕНО ЕЗЕРО (ТУЗ ЃОЛУ) - КАПАДОКИЈА
Пристигнување во Анкара во утринските часови. Посета на мавзолеот на Ататурк (таткото на модерна Турција). Анкара во Турција е место кое задолжително треба да се посети кога патувате во Турција. Модерниот град Анкара е добро познат по своите музеи и антички локалитети. Слободно време во Анкара 1 час. Потоа се упатуваме кон Соленото Езеро TUZ GOLU кој што е 2 часа пат од Анкара до Соленото Езеро. Единствена атракција во Европа, ако имаме среќа може да ги видеме и фламингосите кои што се појавуваат од време на време. Задржување во Соленото Езеро 1 час. Потоа се упатуваме кон најпозната фабрика за вино Турасан околу пола час. Сместување во хотел*** во градот Урѓуп. Некаде по попладневни часови 17.30 одиме кон Дервиши и ритуалот Сема. Враќање во хотел. Одмор. Потоа следува ноќна обиколка на градот Аванос во 19:45 - Кападокиска Венеција. Слободно време за разглед 1:30 минути. Потоа пауза за ноќни слики на Долината на Камилите, и ноќни слики на реонот со трите убавици. Враќање во хотелот околу 22:30 часот. Ноќевање.


3ден/ 06.12 (сабота)  КАПАДОКИЈА: ЛЕТ СО БАЛОН - МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА - ТУРСКА ВЕЧЕР
Факултативно и со дополнителна наплата, лет со балон над Кападокија (заминување во  04:30 часот). Покрај пистата се посетува и долина на љубовта каде што бевме сведоци на неколку запросувања, таму може да се напиете свежо исцеден сок од калинка од нивното поднебје. Ако временските услови не се добри летањето со балон се одложува (ветар). Само кога има добри временски услови се реализира летањето со балон. Цената вклучува трансфер, шампањ, осигурување и сертификат. Кападокија се смета за најимпресивно и највозбудливо место за летови со балон. Факултативно, можете да изберете и трансфер до аеродромот од каде што полетуваат балоните (15) тоа е околу 04:30 наутро. Враќање во хотел и појадок. Појадок од 07:00 до 07:30. И во 07:45 часот заминуваме на панорамска обиколка. Се посетува Долината на Гулабите (15 мин пауза за сликање), потоа фабриката за кожи каде што има ексклузивни производи од кожа и се приредува модна ревија. Следно се посетува продавницата за маслени парфеми ( парфеми од масло) и природна козметика. Индивидуална слободна прошетка во градот Учисар со неговата тврдина, од која човечкиот поглед може да ја опфати целата магија на околниот пејзаж од 1 час време. После разгледот на градот Учисар имаме фото пауза со Камили од 15 минути. Од таму заминуваме во фабриката за преработка на Оникс каде што е правен накитот на Хурем Султан. Потоа се упатуваме во подземна продавница за изработка на глинени предмети кои светат во мрак. Од како се заврши сето тоа , имаме посета на Ѓореме.  Поаѓање кон хотелот. Потоа во 19:45 се посетува Јашар Баба ресторант , автентичен, пештерен, најголем и најстар во регионот. Ноќевање.


4ден/ 07.12 (неделаКАПАДОКИЈА - ИСТАНБУЛ
Појадок од 05:30 наутро. Во 06:00 часот поаѓаме за Истанбул. Пристигнување во Истанбул и се упатуваме кон хотелот за сместување на патниците. Во 18:30 Ноќен Истанбул со посета на Venezia Mall или вечера на брод по босфор. Ноќевање .


5ден/ 08.12 (понеделник)  ИСТАНБУЛ - КОСКА - ЕДРЕНЕ
Појадок од 07 до 08 часот наутро. Во 08:30 тргнуваме кон продавницата Коска. Еден од најстарите брендови за десерти. Слободно време пола саат. И потоа се упатуваме кон најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Во 12:00 тргнуваме и попатно пред граница застануваме во реонот Едрене маркет за слатки работи,козметика по пристапани цени. Пола саат се задржуваме таму и тргнуваме кон Македонија.


 6ден/ 09.12 (вторник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.


 Цена на аранжманот: 250€ /15.500мкд

Промо цена: 189€ /11.720мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус;                                                                        
  • 2 ноќевања со појадок во Кападокија;
  • 1 ноќевање со појадок во Истанбул;
  • Фото пауза и посета на Тузѓол или Соленото Езеро;
  • Панорамска тура низ Анкара со посета на Мавзолејот на Ататурк;
  • Панорамска тура низ Кападокија;
  • Богата туристичка програма по должината на рутата;
  • Посета на продавница Коска;
  • Посета на трговски центар Florya;
  • Водич-придружник.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

Автентичен дервишки ритуал со танц Сема – 30€
Трансфер до летачките балони – 15€;
Возење со балон над Кападокија – околу 240€ од лице;
Посета на подземниот ресторан „Јашар Баба“ со богата фолклорна програма, (Менито вклучува овошни салати, јаткасти плодови и пијалоци, локално производство неограничено) – 40€, деца од 5 до 11,99 години – 25€;
Ноќна тура низ градот Аванос – 10€;
Venezia Mall – 10€;
Специјална вечера на брод по босфор со целосно мени и шоу програма – 55€;
Аквариум Флора влезница 30€;
ДВЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВИ.


 Напомена: 

За ова патување потребно е минимум 45патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
Задолжително пријавување во агенција кои од факултативните излети наведени во програмата патникот ќе ги користи.

Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби , и валидни за пријавување на мин. 2 и 3 лица.
Доплата за еднокреветна соба.
Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на пaтувањето.


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.