Б У Д И М П Е Ш Т А
со факултативна посета на ВИЕНА - СЕНТ АНДРЕА

Термин: 5 Декември 2025 / 4 дена - 2 ноќи | Автобус
1ден/ 05.12 (петок) ШТИП/ВЕЛЕС/НЕГОТИНО/СКОПЈЕ/КУМАНОВО - БУДИМПЕШТА
Состанок со групата. Поаѓање во попладневните часови. За точно време патниците се известуваат два дена пред поаѓање. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.
2ден/ 06.12 (сабота) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарска Тврдина и др. Пешта, Плоштадот на хероите,Градскиот парк, улиците Андраши и Ракочи, Црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав… Слободно време за кратка прошетка низ центарот на градот по пешачката зона на улицата Ваци. Сместување во хотел. Слободно попладне. Факултативно крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.
3ден/ 07.12 (недела) БУДИМПЕШТА - ВИЕНА
Појадок. После појадокот, целодневна факултативна посета на Виена. Градот на кој секогаш сите му се враќаат. Разгледување на градот со локален водич, Плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедралата Св. Стефан, дворците Белведере и Шенбрун. Слободно време во центарот на Виена. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.
4ден/ 08.12 (понеделник) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА - СЕГЕДИН
Појадок. Одјава од хотел. Факултативно заминување кон Сент Андреа разглед на знаменитости, слободно време Потоа се упатуваме кон Сегедин кратка прошетка слободно време.Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
5ден/ 09.12 (вторник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во утринските часови.
Цена на аранжманот: 179€ / 11.100мкд
Промо цена: 149€ / 9.240мкд (со задолжителна резервација на пакет факултативи од 85€)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будимпешта;
- Посета на Сегедин;
- Организација на аранжманот;
- Лиценциран туристички придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување;
- Разглед на Будимпешта со локален водич - 15€;
- Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбурн не е вклучена) - 40€;
- Крстарење со брод по реката Дунав - 25€;
- Посета на Сент Андреа - 15 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА);
- Задолжителна туристичка такса 5€ по лице за 2ноќи(се плаќа во агенција);
- За single соба се доплаќа;
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот ;
- Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица);
- Влезници за културно историските споменици;
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%.
Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 10 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.
