TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Aвтобуски програми

8-ми Декември | Истанбул

термин: 05.12 - 2ноќи | 119 / 7.380мкд

 

И С Т А Н Б У Л


Истанбул - нај космополитски град во светот, град на контрасти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата, кај вас ќе разбуди сосема поинакви чувства, ве пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 


Термин: 5 Декември 2025 | 5 дена / 2 ноќи | Aвтобус

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 05.12 (петок) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Поаѓање од Штип, Велес, Неготино, Куманово и Скопје во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи,царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.


2ден / 06.12 (сабота) ИСТАНБУЛ (Капали Чаршија | Аја Софија | Облакодер Сафир | Таксим | Галата Порт)  
Наутро пристигнување на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи  се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината. Факултативна посета на Топ Капи палатата- главното седиште на администрацијата на Османлиското Царство во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија. Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во  оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Облакодерот „Сафир“ е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот, и да уживате во храна или кафе со незаменлив поглед. Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најзначајните знаменитости во Истанбул. Самата кула е висока 261 метар и има 54 спрата, каде што има голем трговкси центар. Таксим. Најпознатиот плоштад во Истанбул на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал на која се движи познатиот трамвај. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави. Полна со многубројни бутици, кафичи, ресторани и познати дискотеки. Галата Порт. Денес, Истанбул има нова порта кон морето, додека историското пристаниште за крстарење Каракој се реинкарнира во Галатапорт - амбициозен урбан проект што ја трансформираше поранешната индустриска област долга 1,2 километри долж Босфорот. Овој модерен комплекс е моментален магнет за локалното население, но и за туристите, со непобедлив панорамски поглед на историскиот хоризонт на Истанбул, како и со уникатна комбинација на модни продажни места, места за јадење и уметнички музеи од светска класа. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден / 07.12 (недела) ИСТАНБУЛ (Пјер Лоти | Балат | Крстарење по Босфор | Палата Бејлербеи | Watergarden)
Појадок. По појадокот собир на групата и во договореното време на рецепција, се упатуваме кон предвидените активности. Овој ден е планиран за целодневна факултативна екскурзија од Пакет 2 . Панорамски разглед на Европски и Азиски дел на Истанбул со локален водич. Пјер Лоти. Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според францускиот поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското турско кафе направено на топол песок уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас. Продолжуваме кон Балат каде е сместена и Вселенската Патријаршија и старата грчка гимназија. Историска и филмска населба Балат. Факултативна посета на шарената филмска населба „Балат“. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул, Овде ќе ја видиме и Вселенската Патријаршија која помагала за ширењето на христијанството во овој дел, исто така овде во црквата Свети Ѓорѓија можете да го видите еден од клиновите со кој бил распнат Исус Христос. Крстарење по Босфор. Ова е крстарење од час и половина, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу а ќе уживате и во прекрасниот поглед на Моминската кула. Минуваме преку добро познатиот Босфорски мост, официјално познат како Мост на мачениците 15 јули ,мостот што ги поврзува Европа и Азија .Добре дојдовте во Азија. Продолжуваме со посета на Бејлербеи палатата. Посета на палатата Бејлербеи (надворешно) Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Оваа палата во необарокен стил која содржи 24 соби, 6 сали и една турска бања е изградена како летна резиденција, палата за османлиските султани. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиску прeку многубројните соби и хали. Watergarden. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Како нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Watergarden ви нуди широка палета на производи за да одговара на сите вкусови, продавници кои внимателно ги следат најновите трендови и ресторани за сечиј вкус. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Враќање во хотел. Вечерта, факултативна вечера во турски ресторан -гар. Mузичка програма (фолк танци / традиционални церемонии / ориентални танчарки). Ноќевање.


4ден / 08.12 (понеделник) ИСТАНБУЛ (Коска | Aqua Florya| Istanbul Akvarium)
Појадок. По појадокот следи одјавување од хотел. Посета на продавницата КОСКА каде може да купите локум, баклава и традиционални благи работи за дома. По посетата на оваа продавница продолжуваме во трговскиот центар Aqua Florya. Aqua Florya Shopping and Life Center ги отвори своите врати во 2012 година за своите клиенти со сосема нов концепт кој има за цел да ја промени визијата за обичните трговски центри. Најпосакуваната точка на Aqua Florya, каде е искомбинирана забава и шопинг под еден покрив, е најголемиот тематски аквариум во светот, наречен Istanbul Akvarium кој што ќе имаме можност да го посетиме. Тој е всушност националниот аквариум на Турција, Истанбулскиот аквариум, кој е најголемата причина за посета на трговскиот центар денес. Домаќин е на 17.000 копнени и морски суштества од 1.500 различни видови и продолжува да обединува риби и копнени видови од целиот свет со технологии и теми од новата генерација. Исто така разните вкусови на кујни, кафулиња и ресторани со поглед на море и голем амфи театар за разни настани, е нејзината она што го прави совршено место да го поминеме ова попладне. Слободно време за шопинг и во договореното време поаѓање кон Македонија.


6ден / 09.12 (вторник) МАКЕДОНИЈА     
Пристигнување во Македонија во раните утринските часови.


Цена на аранжманот: 139€ / 8.620мкд

Промо цена: 119€ / 7.380мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високо туристички автобус;
  • - Две ноќевања со појадок во хотел 3* во областа Лалели;
  • - Пешачки разглед со Локален водич (Капали Чаршија,Сината Џамија и Света Софија);
  • - Посета на турската продавница “КОСКА”;
  • Шопинг во Aqua Florya;
  • - Лиценциран туристички водич;
  • - Туристичка такса.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • - пакет 1: Облакодер Сафир + Плоштад Таксим + Галата Порт - 45€;
  • - пакет 2:Пјер Лоти + Балат + Вселенската патријаршија + Крстарење по Босфор + Бејлербеи палата(надворешно) + Watergarden - 65€;
  • - ВЛЕЗНИЦА ВО SEA LIFE ISTANBUL АКВАРИУМ - 35 €;
  • - ВЕЧЕРА ВО ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРСКИ РЕСТОРАН-ГАР СО МУЗИЧКА ПРОГРАМА И НЕОГРАНИЧЕН ПИЈАЛОК - 35 €
  • - Задолжително е пријавување за еден од пакетите !
  • - Патничко осигурување (задолжително).

Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари;
- За сингл соба се доплаќа;
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител);
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете;
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
- Уплата исклучиво во денари. 


 

За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


 


 

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.