Л У К О В С К А Б А Њ А
Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
Термин: 23 Октомври 2025 | 3 дена - 2 ноќи | Автобус
1ден/ 23.10 (четврток) ШТИП - ЛУКОВСКА БАЊА
Организиран превоз од Штип, Велес и Куманово. Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 4*. Слободно попладне за одмор и релаксирање во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2ден/ 24.10 (петок) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот или пешачка тура до црквата Св.Мина со локален водич (турата ќе се реализира доколку дозволат временските услови). Враќање во хотел. Слободно време за релаксирањес во СПА центарот. Вечера. Ноќевање.
3ден/ 25.10 (сабота) ЛУКОВСКА БАЊА - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во предпладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 209€ / 12.960 мкд
Промо цена: 189€ / 11.720 мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во двокреветни соби во Хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса);
– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса);
– Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C;
– Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи);
– Користење на сала за забава и рекреација;
– Туристичка такса;
– Организација и реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување;
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање);
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50%;
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума;
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање);
– Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.170ден
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.
НАПОМЕНА:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.