TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври | Луковска Бања

термин: 10.10 - 2ноќи | 179 / 11.100мкд

 

Л У К О В С К А  Б А Њ А

 

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.



Термин: 10 Октомври 2025 | 3 дена - 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 10.10 (петок) СКОПЈЕ - ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.


2ден/ 11.10 (сабота)  ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на Здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река... Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес ЦентаротВечера. Ноќевање.


3ден/ 12.10 (недела)  ЛУКОВСКА БАЊА - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


 Цена на аранжманот: 199€ / 12.340 мкд

Промо цена: 179€ / 11.100 мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во двокреветни соби во Хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса);
– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса);
– Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C;
– Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи);
– Користење на сала за забава и рекреација;
– Туристичка такса;
– Организација и реализација со туристички придружник.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување;
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање);
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50%;
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума;
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање);
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.170ден
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.


НАПОМЕНА:

- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.


 За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.