Print this page

Нова Година / Прага

термин: 28.12-3 ноќи | 239 / 14.820мкд


ПРАГА 


КАРЛОВИ ВАРИ-ДРЕЗДЕН-ВИЕНА



 

 

 Автобус | 5 дена - 3 ноќи / термин: 28 декември 2025



1ден/ 28.12 (недела)  СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 ч. Патувањето е преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.


2ден/ 29.12 (понеделник)  ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативен панорамски и пешачки разглед на градот со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 30.12 (вторник)  ПРАГА - ДРЕЗДЕН - ПРАГА
Појадок. По појадокот предвидено е крстарење на реката Влтава. Крстарење кое нема да ве остави рамнодушни, преубаво искуство каде одблизу ќе можат да се видат сите оние готски згради кои ја прават Прага една од најубавите градови во Европа. По крстарењето се упатуваме на факултативен излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија. Основан уште во 600г. пне. на обалата на реката Елба. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Слободно време. Ноќевање. 


4ден/ 31.12 (среда)  ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ - ПРАГА
Појадок. По појадокот предлагаме излет до најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бекеровка како и музејот на Бекеровка. Враќање во хотел. Во вечерните часови можност за посета на традиционален чешки ресторан или чешка пивница или индивидуални активности за прошетки или шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.


5ден/ 01.01 (четврток) ПРАГА - ВИЕНА - МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.


6ден/ 02.01 (петок) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во пладневните часови.


 Цена на аранжманот: 279€ / 17.300мкд

Промо цена: 239€ / 14.820мкд (СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ ОД 115)


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус;
  • - 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* во околината на Прага;
  • - Организација и водство на програмата;
  • - Посета и разглед на Виена;
  • - Организација на аранжманот;
  • - Туристички придружник на патувањето;
  • - Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река и Велес.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Разглед на Прага со локален водич - 15€;
  • Факултативен излет на Дрезден - 45€;
  • Факултативен излет на Карлови Вари - 40€;
  • - За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот;
  • - Крстарење со брод по Влтава - 25€;
  • - Доплата за седиште по избор - 10€;
  • - Влезници за музеи и локалитети;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително);
  • - Туристичка такса 2,5 по ноќевање.

Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН