Print this page

23 октомври | Пролом Бања

термин: 23.10 - 2ноќи | 169 / 10.480мкд

 

П Р О Л О М   Б А Њ А

 

 

Пролом Бања се наоѓа на југот на Србија, на падините на планината Радан, густо покриена со шума. Таа е една од трите бањи кои се наоѓаат во околината на Куршумлија, веднаш до Куршумлија и Луковска, а меѓу нив е и најмладата, а воедно и најпосетуваната. Бањата Пролом се наоѓа веднаш до истоименото село, по кое го добило своето име, сместени покрај горниот тек на реката Пролом, десната притока на Косаница. Токму овој празник , искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство. За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 Во продолжение програмата…

 


Термин: 23 Октомври 2025 | 3 дена - 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 23.10 (четврток) СКОПЈЕ - ПРОЛОМ БАЊА
Организиран превоз од Штип, Велес и Куманово. Состанок на групата во 05:30 часот на паркингот пред хотел Русија. Поаѓање за Пролом Бања во 06.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне. Сместување во хотел Радан (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса). Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.


2ден/ 24.10 (петок)  ПРОЛОМ БАЊА - ЃАВОЛА ВАРОШ 
ПојадокПосле појадокот, заминуваме  на факултатувна посета на Ѓавола Варош (доколку дозволат временските услови). Овој  мистичен споменик на природата е избран во Топ 77 најголеми чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за реласирење во Спа центарот на самиот хотел. Вечера. Ноќевање.


3ден/ 25.10 (сабота)  ПРОЛОМ БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Во 10.00 часот организирана пешачка прошетак до црквата Лазарица, која е единствена црква-брвнара во овој крај. Враќање во хотел и во 12.30 час поаѓање за Македонија.Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.


                                                                                      Цена на аранжманот: 189€ / 11.720 мкд

Промо цена: 169€ / 10.480 мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса).
Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база шведска маса).
Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода.
Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум.
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич .
– Туристичка такса.
– Организација и реализација со туристички придружник.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување.
– Излет до Ѓавола Варош (автобуски превоз, локален водич и влезница)-5€, (Eкскурзијата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови).
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Доплата за еднокреветна соба +30€/1.860ден.
– Дете 2-7год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 35€/2.170мкд.
– Дете 7-12год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 80€/4.960мкд.
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
– Доплата за апартман 30€/1.860ден за две ноќевања по лице.
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по патник.


НАПОМЕНА:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.


 За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.