TA Mediteran

Авионски програми

8-ми МАРТ / Дубаи

 

Д У Б А И

Дубаи, втор по големина од седумте емирати на земјата, управуван од страна на Ал Мактум. Дубаи не е само центар на трговија и индустрија на Обединетите Арапски Емирати, исто така е и една од најголемите туристички дестинации во Блискиот Исток. Во последниве години, посвети многу енергија и напор во развојот на туристичката индустрија која се соочува со светла иднина. Комбинација на најдобрите хотели, белите плажи на Jumeirah Beach, чистиот луксуз, фасцинантните архитектонски проекти и ориенталната атмосфера ќе ја претворат секоја посета во незаборавно искуство. Посетителите на Дубаи, ќе наидат на совршено организирана услуга, висока технологија, фантастичниот подводен свет - со еден збор, сите контрасти што ги исполнува срцето на секој светски патник. 

 

 

термин: 7 март 2019 | 5 дена / 4 ноќи | Авион

АВИОН ОД СКОПЈЕ + ТРАНСФЕР + 4 НОЌЕВАЊА ВО ДУБАИ 4* ХОТЕЛ НА БАЗА НП + ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА + ПУСТИНСКО САФАРИ СО ВЕЧЕРА (СКАРА И ЛОКАЛНА ХРАНА) + КРСТАРЕЊЕ ПО КРИКОТ СО ВЕЧЕРА


Сместување во хотел Aloft Deira City Centre 4*, област Деира
 

Хотелот се наоѓа во областа Деира, на само 5km оддалеченост од Интернационалниот Аеродром во Дубаи (DXB). Овој новоизграден хотел ќе ви овозможи да уживате и да се восхитувате на преубавите глетки кон крикот (Dubai Creek - такси на вода), како и кон новиот и стариот дел на Дубаи. Хотелот исто така Ви нуди лесен пристап до City Centre Deira shopping mall.

    
    
    


 

 Програм на патување

1ден/ 07.03 (четврток)  СКОПЈЕ - ДУБАИ 
Трансфер од Штип во 10:30 часот. Состанок на групата на аеродромот Александар Велики, во 11:30 ч. Директен лет со авионот на Флај Дубаи во 13:25 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21:25 часот, локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, следи организиран трансфер до избраниот хотел. Ноќевање.


2ден/ 08.03 (петок)  ДУБАИ
Појадок во хотел. ПРЕТПЛАДНЕ ПОСЕТА НА MIRACLE GARDEN - ОПЦИОНО ФАКУЛТАТИВНО, неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. За лицата кои ја немаат земено оваа дополнителна екскурзија, слободно претпладне. ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА. Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода се вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање во кампот. Враќање во хотелот. Ноќевање.


3ден/ 09.03 (сабота)  ДУБАИ - ГРАДСКА ТУРА (Dubai City Tour), ВЕЧЕРНО КРСТАРЕЊЕ - Dhow Cruise
Појадок во хотел. По појадокот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи и во вечерните часови одиме на крстарење по крикот (со вклучена вечера). Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот полни со прекрасни спомени.
Во вечерните часови Dhow cruise creek - крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него. Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок). Враќање во хотел. Ноќевање. 


4ден/ 10.03 (недела)  ДУБАИ - целодневна тура АБУ ДАБИ
Појадок во хотел. 
Слободен ден за индивидуални прошетки, шопинг, капење или одмор, или можност за факултативна посета на најголемиот Емират - Абу Даби со лиценциран водич на српски јазик. Посета на една од најголемите и најскапите џамии во светот Sheikh Zayed Mosque која може да прими преку 40.000 верници во исто време. Потоа заминуваме кон резиденцијалната зона на градот, застануваме кај Heritage Village (Музеј на наследството) - комплекс во кој на едно место може да се види се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локалните обичаи. Посета на Yas Island во чија близина е една од најпознатите Формула 1 ноќни стази. Доколку времето дозволува и има заинтересирани - факултативна посета на Emirates Palace - најлуксузниот хотел составен од девет палати, за секој емират по една палата и две за нивните пријатели Кувајт и Катар. Внатрешниот дел од палатата е обложен со 24-ри каратно злато. Прошетка низ преубавите градини и фонтани (претходно пријавување и уплаќање за ручек во Emirates Palace). Враќање во Дубаи во доцните попладневни часови. Во вечерните часови посета на Burj Khalifa - највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124-тиот кат... Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови. Овде неизбежна е и посетата на вториот по големина шопинг центар во светот - Dubai Mall, комплекс кој вреди 20 билиони долари и има над 1.200 продавници. Во 2011 година беше најпосетената зграда на планетава, привлекувајќи над 54 милиони посетители секоја година. Враќање во хотел... Ноќевање.


5ден/ 11.03 (понеделник)  ДУБАИ - СКОПЈЕ
Oдјавување од хотел.
Рано изутрината организиран трансфер до аеродромот во Дубаи. Со завршувањето на пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени на една од најбогатите земји на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Директен лет од Дубаи кон Скопје во 09:25ч (FZ791). Слетување во Скопје во 12:25 часот на пладне.


Цена на аранжманот: 649€ / 40.240мкд

валидна за резервации и уплата до пополнување на местата


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Повратен авио билет на релација Скопје - Дубаи - Скопје, со директен лет на Fly Dubai;
  • Трансфер: аеродром - хотел - аеродром;
  • Трансфер: Штип/Велес - Аеродром Скопје - Велес/Штип;
  • Сместување во хотел Aloft Deira City Centre 4* на база 4 ноќевања со појадок;
  • Вклучени излети во цената:
         - ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА (Dubai City Tour) - Полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич на српски јазик;
         - ПУСТИНСКО САФАРИ (збирна тура со групен трансфер, вклучена вечера);
         - КРСТАРЕЊЕ ПО КРИКОТ (збирна тура со групен трансфер, вклучена вечера);
  • Придружник за цело време на патувањето, согласно програма и вклучени екскурзии;
  • Услуга водич на српски јазик во Дубаи за екскурзии согласно програма и напомена, за факулативи и дополнителни информации;
  • Организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси - 50€ / 3.100мкд;
  • Трошоци за вадење на Виза за ОАE - 85€ / 5.270мкд;
    (потребен скениран пасош и фотографија, професија на патниците, име/презиме на родители. Валидност на пасош најмалку 6 месеци од датумот на враќањето);
  • Факултативни излети (Burj Khalifa / Miracle Garden / Abu Dhabi / Global Village)
         - посета на BURJ KHALIFA - 45€ (влезница - normal hours)
         - посета на MIRACLE GARDEN - околу 15€ (зависно од број на пријавени лица)
         - посета на ABU DHABI - 65€ (зависно од број на пријавени лица)
         - посета на GLOBAL VILLAGE и на DUBAI PARKS & RESORTS - ИНДИВИДУАЛНО (на барање).
  • Патничко здравствено осугурување - 250мкд;
  • Останати индивидуални трошоци;
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
    * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87 од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out - 10 дирхами (10 DHS ≈ 2 EUR) по соба по ноќ (во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми).

НАПОМЕНА: 

  • Плаќањето се врши, исклучиво до денарска противвредност 1€ = 62мкд. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена;
  • Понудата важи за минимум 15 пријавени патници;
  • Рок за известување за недоволен број на пријавени патници - 30 дена пред поаѓање;
  • За резервација потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата, 10 дена пред започнување на аранжманот;
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја зголеми цената на истиот, како и цените на факултативните излети;
  • Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена директно од авио компанијата;
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае;
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ  ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.


Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

- Во двокреветна соба можат да се сместат максимум две возрасни лица.
- Постои можност во собите да се постави едно дополнително легло како помошен кревет за дете или трето возрасно лице СО ДОПЛАТА - со што се намалува комодитетот на собата. Цена на дополнително легло за возрасен или дете - НА БАРАЊЕ;
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на клиентот.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување);
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците;
- Доколку не се земат сите три екскурзии како Комбо пакет (Trio Combo - Desert Safari, Dubai City Tour and Creek Dhow Cruise) цената се намалува за 80€ по лице. Дополнително вклучување на екскурзии е на барање и не може да се гарантира поради пополнетост на истите.
- Потребни документи за виза: скениран пасош и фотографија, професија на патниците, име/презиме на родители.


ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овaа програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода...), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.


Важна напомена:

- За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат, првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.


    

За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ и Медитеран.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси