TA Mediteran

Aвтобуски програми

8-ми Декември | Љубљана

термин: 19.12-2ноќи | 139 / 8.620мкд

 

Љ У Б Љ А Н А

Christmas Market 


 
ПРЕДБОЖИЌНА СИМФОНИЈА ВО ЉУБЉАНА
   (Колоритниот Клагенфурт и Велден-градот на Ангелите) 

Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете ја Љубљана, градот кој Ве повикува со мирисот на варено вино, топол чај и печени колбаси...Ако пак сакате да ја доживеете најубавата австриска бајка, посетете го романтичниот Велден, градот на Ангелите... Едноставно, застанете покрај некое огниште и слушајте го пукањето на разгорените дрва за да го доживеете вистинското значење на Божиќ!

 

   


Автобус | 4 дена - 2 ноќи / термин: 19 Декември 2019



1ден/ 19.12 (четвток)  МАКЕДОНИЈА - ЉУБЉАНА
Поаѓање од Штип во 18:00ч, Велес 18:45ч, Скопје 20:00 часот, Куманово 20:45ч. Излез од државата на Табановце. Нокно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 20.12 (петок)  ЉУБЉАНА
Пристигнување во Љубљана во претпладневните часови. Сместување во хотел „Park“ 3* во центарот на Љубљана. Краток одмор од патувањето. Потоа разгледување на Љубљана со локален туристички водич: Симболот на градот-Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Прешерневиот Споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн... Слободно  попладне за индивидуални  активности и прошетки низ двете раскошно украсени улици кои се наоѓаат од двете страни на реката Љубљаница каде се распослани божиќните штандови  кои изобилуваат со сувенири со божиќни мотиви, капи, шалови и ракавици, но и со мноштво миризливи слатки колачи и топли напитоци. Ноќевање.


3ден/ 21.12 (сабота)  ЉУБЉАНА - КЛАГЕНФУРТ (Австрија) - ЉУБЉАНА
Појадок. Заминување на групата (факултативно) со локален туристички водич на целодневен излет кон Австрија. Организиран разглед на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се` што историјата оставила во аманет. Клагенфурт е град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. По организираниот разглед, слободно време за посета на божиќните штандови. Потоа продолжуваме кон Велден, малото градче во покраината Корушка кое во овој период од годината го нарекуваат Градот на Ангелите. Велден се наоѓа на брегот на Врбското Езеро во кое секоја година се поставува најголемата атракција-Божиќен венец до кој се стигнува со бродот на Ангелите „Santa Lucia“. Дворецот Велден, традиционални дрвени колиби, опојни мириси од борови гранчиња и варено вино, ангелска пекара во која вредните Ангелчиња ги подготвуваат божиќните колачи, ангелска пошта, божиќни звуци кои се разлеваат од месните хорови... Безброј бели ангелски балони со писма постојано полетуваат кон темното ноќно небо следени од илјадници погледи полни со надеж дека наскоро ќе им се исполнат нивните скриени желби... Целиот град наликува на една голема осветлена сцена во која сите се дел од најубавата божиќна бајка која никого не остава рамнодушен. Во вечерните часови враќање во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот каде се најавува доаѓањето на Божиќ. Ноќевање.


4ден/ 22.12 (недела)  ЉУБЉАНА - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.


Цена на аранжманот: 149€ / 9.240мкд

За уплата до 01.11.19  139€ / 8.620мкд 


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел Park“ 3* во Љубљана на база, 2 ноќи со појадок;
  • Разглед на Љубљана со локален туристички водич;
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 

  • Факултативна целодневна посета Клагенфурт и Велден   20€;
  • Доплата за еднокреветна соба +46€;
  • Туристичка такса во Љубљана (се плаќа на рецепција во хотелот) 3,13€ по лице од ноќ;
  • Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 160мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 7 дена пред поаѓање.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. 
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси