TA Mediteran

Aвтобуски програми

8-ми Декември | Будимпешта

 термин: 06.12-2ноќи | 99 / 6.140мкд 


Б У Д И М П Е Ш Т А

СЕНТ АНДРЕА - ВИЕНА

 

 

 

Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 06 Декември 2019 



1ден/ 06.12 (петок)  СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.


2ден/ 07.12 (сабота)  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 08.12 (недела)  БУДИМПЕШТА - ВИЕНА
Појадок. Препорачуваме посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.


4ден/ 09.12 (понеделник)  БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
Појадок. По појадокот заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Предлагаме крстарење со брод по Дунав. По крстарењето слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 10.12 (вторник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови. 


Цена на аранжманот: 99€ / 6.140мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување  160 денари
  • Разглед на Будимпешта 10€
  • Крстарење по Дунав  15€
  • Посета на Сент Андреа  10€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35€
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба  1,550 денари

Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 = 62мкд.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот.
Попустите не се комбинираат.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси