TA Mediteran

Aвтобуски програми

8-ми Декември | Виена

термин: 06.12-2ноќи | 139 / 8.620мкд.

 

В И Е Н А

 

   

  
 Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 06 Декември 2019

 

1ден/ 06.12 (петок)  СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 15.00ч. и поаѓање за Виена во 15:30ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/ 07.12 (сабота)  ШОПИНГ ЦЕНТАР PARNDORF - ВИЕНА
Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. По пристигнување во Виена почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.


3ден/ 08.12 (недела) ШЕНБРУН
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.


4ден/ 09.12 (понеделник)  ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Дунавската Кула(со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде што има прекрасен поглед на градот). Се враќаме во центарот на Виена, слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 10.12 (вторник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.


Цена на аранжманот: 139€ / 8.620мкд.


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* во Виена (околина) на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Посета на шопинг центар Парндорф
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 

  • Разглед на Виена со локален водич - 10€
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 35€
  • Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 30€ - мин. 30 лица за реализација
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 20€
  • Патничко осигурување –175мкд
  • Доплата за еднокреветна соба – 2.100мкд

 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk


 

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси