Print this page

8-ми Декември | Прага - Виена

термин: 06.12-2ноќи | 119 / 7.380мкд.


П Р А Г А 

 

 

 

Термин: 06 Декември 2019 | 5 дена / 2 ноќи | Автобус 



1ден/ 06.12 (петок)  СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски, во 12:30ч. Поаѓање на автобусот во 13:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.


2ден/ 07.12 (сабота)  ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.


3ден/ 08.12 (недела)  ПРАГА - ДРЕЗДЕН
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер(денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Предлагаме крстарење по Влтава а потоа вечера во традиционална пивница со забавна програма. Враќање во хотел. Ноќевање.   


4ден/ 09.12 (понеделник)  ПРАГА - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан. Слободно време во Виена. Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.


5ден/ 10.12 (вторник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


Цена на аранжманот: 119€ / 7.380мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  •  Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  •  Сместување во хотел со 3* во Прага, на база 2 ноќевања со појадок;
  •  Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF;
  •  Посета на Виена;
  •  Организација и водство на програмата.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Задолжително патничко здравствено осигурување 175мкд
  • Разглед на Прага со локален водич  10
  • Факултативна посета на Дрезден со локален водич  30
  • Крстарење со брод по Влтава  15 
  • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  35
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 1550мкд

Напомена:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 = 62мкд
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање.


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

ДОГОВОР ЗА ПАТУВАЊЕ - РЕЗЕРВИРАЈ


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk