TA Mediteran

Будва & Острошки Манастир

Будва & Острошки Манастир

 ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ 

БУДВА и Острошки Манастир 

со попатна посета на Подгорица


термин: 16ти  ноември  2018 / 2 дена - 1 ноќ


    

 

1ден (петок)  16.11 ШТИП/СКОПЈЕ - БУДВА
Поаѓање од Штип во 21 часот пред Стадионот / Велес во 21:30 Макпетрол на влезот / Од Скопје во 22:30 часот пред VIP хотел наспроти Скопски саем. Ноќно возење низ Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности. 


2ден (сабота) 17.11  БУДВА - ОСТРОШКИ МАНСТИР
Пристигнување во Будва во утринските часови. Кратка пауза за фотографирање над Св.Стефан (нај атрактивното и нај монденското летувалиште во Црногорско приморје). Слободно време за одмор или прошетка со посета на стариот град на Будва, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Уживање, фотографирање покрај море.. Во попладневните часови, продолжуваме кон Манастирот Св. Василиј Острошки (се патува околу 90min), кој е сместен во високо карпест предел. Овој Манастир представува најголемо Црногорско светилиште и е еден од најпосетуваните манастири на Балканот (основан е од Св. Василије во XVII век и се верува дека моштите на Св. Василие Острошки се чудотворни кои се наоѓаат во Горниот Манастир). Сместување и ноќевање во конаците или дворот на Манастирот. Од долниот манастир, искачување пешки или со локален минибус (1€ во правец) до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.


3ден (недела) 18.11  ОСТРОГ/ПОДГОРИЦА - МАКЕДОНИЈА
По завршувањето на утринската литургија во 10 часот поаѓање кон Подгорица. Посета на трговскиот центар Delta City. Слободно време за кафе, ручек, прошетка.. Во договореното време, поаѓање кон Макдонија. Ноќно возење низ Албанија и Косово со попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот 1.599мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

превоз со туристички минибус
-  посета на Будва/Острошки манастир/Подгорица


 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- патничко осигурување 100 денари (незадолжително)
- ноќевање во конаците (околу 5€ се плаќа на лице место)
- туристичка такса во манастирот 1€ од лице.


 Напомена: 

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 20 патници.
- За оваа програма НЕ е потребен Пасош, можно само со валидна лична карта.
- Потребно е да се понесе храна за време на патувањето
- Можност за ручек во ресторан во близина на Долниот манастир
- Во манастирот се влегува пристојно облечени, особено жените со марама на главата.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси